Граѓанската
иницијатива под мотрената
од страна на граѓанскоро движење Доста е. Целта на оваа иницијатива е да
отвори и спроведе процес на нов позитивен дијалог, чија основна цел не е
тековниот Рамковен договор, туку афирмација на вистинските човечки вредности
кои не познаваат и признаваат граници и договори.
Во
исто време преку оваа акција заедницата може целосно да се информира за
содржината на рамковниот договор.
Акцијата
Колку добра може да собере една рамка зависи од нас нема за цел да го прифати
или одбие Рамковниот договор, туку да иницира и покрене дијалози неопходни
за развојот на нашата заедница, за да не се случи повторно некој во име
на граѓанинот да креира и склучува било какви други договори.
КОМЕНТАР ЗА ПРЕВОДОТ НА
РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
На ваше барање го разгледав преводот на Рамковниот договор и ви ги доставувам
следниве забелешки:
ОПШТА ОЦЕНКА
Со оглед на тоа дека станува збор за документ што е изготвен на англиски јазик,
или поточно на американски јазик, општата оценка за преводот на документот
на македонски јазик е дека истиот е автентичен. Неразбирливоста на самиот
документ главно се должи на фактот што се внесуваат конструкции што се нетипични
за македонската правна тер-минологија (Пример зборот „заедница", односно
„соттшЛу" или „риВНс ВоШеѕ" односно „јавни тела"). За да се
постигне разбирлив документ, потребно е да се направи обработка на документот,
а претпоставувам дека таквите отстапки не биле дозволени особено зашто точка
10.2 од Завршните одредби предвидува: „Верзијата на англиски јазик на овој
Договор е единствената автентична верзија".
Сепак, документот има одредени недостатоци што претставуваат дополнителен
товор за разбирливоста на Договорот. Тие се следниве:
1) Неусогласена терминологија
Низ документот се провлекува неусогласена терминологија, на пример:
- „Републички судски совеш" во точка 4.3. се појавува само како „Судски
совет" што оста-ва прв впечаток дека извесна реформа ќе следува и со
ова тело;
- „Народен правобранител" во точка 2 од член 78 се јавува како Јавен
правобраншмел" што исто така создава одредена конфузија;
2) „Усвојува" наместо „донесува"
Во Договорот се користи терминот „усвојува" наместо „донесува",
што исто така при-донесува документот да звучи туѓо. Во македонскиот јазик
законите се донесуваат, а не се усвојуваат.
3) Документот прави дистинкција меѓу „државна управа" (ЅШе аАт1тѕ1гапоп)
во точка 2 од член 77 и „јавни тела" (риШс 1>оШеѕ).
Во македонската терминологија имаме „државна управа", а од неодамна се
користи и тер-минот „јавна администрација". Меѓутоа, таканаречените „јавни
тела" спаѓаат во „јавната администрација", односно „државната управа".
Поради тоа, се чини нејасно кои се тие јавни тела.
4) Испуштен дел
Зборовите „се брише" од член 84 се испуштени од преводот.
5) Принцип на субсидијарност
Безброј дискусии се имаат водено за поимот субсидијарност и конечно, на неформално
ниво се разбира, се донесе заклучок дека најбезболно ќе биде ако се усвои
терминот таков како што е, односно „субсидијарност". Во Договорот се
користи фразата „вертикална организираносш", што во основа е во ред,
но таквата фраза нецелосно го одразува прин-ципот на субсидијарност. Можеби
најдобро решение за оваа фраза е „вертикална орга-низираност оддолу нагоре"
зашто така станува јасно дека сите решенија треба да произлегуваат од самата
база, односно од локалната самоуправа, доколку е тоа можно.
6) Несоодветно изразено сегашно трајно време на англиското „с1тттѕ" со
употреба на македонскиот глагол „тврдат".
Во деловите 4.3, 5.1, 5.2, точка 2 од член 69, точка 1 од член 77, точка 2
од член 104, точка 2 од член 109, член 114, и точка 4 од член 131 се користи
глаголот „тврди" за изразување на сегашно трајно време од глаголот „с1ајт".
Факт е дека станува збор за стил на преве-дување, но сметам дека поуспешно
решение би било да се употреби глаголот „изјаснува" за да се одрази сегашно
трајно време што во контекстот е релевантно.
7) Употреба на глаголите „»>Ш", „ѕИаИ" и „тиѕ1".
Вака се дефинирани „тИГ и „ѕ/ш//" во \Уевѕ1ег СотргеНепѕјуе В1с1шпагу:
„Традиционалната употреба на „ѕ/гаИ" наспроти „пШ" е да се укаже
на едноставна идност, при што „ѕНаП" се користи за прво лице, а „кШ"
за второ и трето лице. Меѓутоа, нивните улоги се менуваат кога треба да се
изрази извесна решеност, вету-вање, закана, наредба, неизбежност итн. Ваквата
употреба особено важи во правна смисла". Натаму, во Вебстер се објаснува
како во секојдневениот говор „ѕИаИ" се повеќе се заменува со „-»111 п.ауе
1о" (ќе мора - безусловно) освен во правната употреба каде што останува
„ѕпаП" и го дава следниов пример „Уои пт Науе (о (= ѕНаИ) пНе(Негуои
\маш (о ог по1, Сакал или не, ќе мораш,,.
Рамковниот договор не прави разлика во употребата на овие два глаголи. Секаде
во доку-ментот тие се преведени со идно време, односно со „ќе". „МиѕГ
се преведува со „мора", што не е спорно, но на скалата на задолжителноста,
мора да биде јасно дека „ѕНаИ" има поголема тежина од „мора" или
„ќе". Од тие причини, направивме измени во Рамковниот договор и употребуваме
сегашно време секаде каде што се употребува „ѕпаП".
Водејќи сметка за фактот дека ова сепак е официјален документ, не се направени
измени измени во самиот Договор. Меѓутоа, за полесно да се разбере Рамковниот
договор пре-порачливо е при читањето на истиот да се земат предвид погоренаведените
забелешки.
Коментарот го даде Лидија Димова Друштво за превод „Абакус"