Граѓанската иницијатива под мотрената од страна на граѓанскоро движење Доста е. Целта на оваа иницијатива е да отвори и спроведе процес на нов позитивен дијалог, чија основна цел не е тековниот Рамковен договор, туку афирмација на вистинските човечки вредности кои не познаваат и признаваат граници и договори.
Во исто време преку оваа акција заедницата може целосно да се информира за содржината на рамковниот договор.
Акцијата Колку добра може да собере една рамка зависи од нас нема за цел да го прифати или одбие Рамковниот договор, туку да иницира и покрене дијалози неопходни за развојот на нашата заедница, за да не се случи повторно некој во име на граѓанинот да креира и склучува било какви други договори.

. плакати и флаери

. реакции / мислења

 

внесете ја вашата e-mail адреса за тековно да ги добивате сите информации за граѓанската иницијатива ДОСТА Е






МОЖНО ВИДУВАЊЕ ЗА ПЛАТФОРМА ЗА АКЦИЈА НА НБО СЕКТОРОТ
Непобитен факт е дека општествата во Југоисточна Европа се мултиет-нички. Мултиетничноста (или етнокултурната различност) е резултат на долгиот период на опстојување на империите на овој простор. Во рамките на империите живееле заедно различни етнички, религиозни, јазични групи. Мултиетничките царства на Отоманите и Хабзбурговците успеале да изградат сложени нетериторијални механизми кои ги регулирале, за денешно време, мошне комплицираните меѓуетнички, религиозни и јазични односи.
За да се воспостави демократија во една таква држава со мул-тиетничко општество (авторитарни и тоталитарни уредувања во нив функционираат без некои сериозни тешкотии), најсуштествен е фактот дали постојат доволно заеднички вредности и потреби кои би создале основа за мирно и толерантно заедништво. Уште Џ.С. Мил (ЈсЉп ЅШаЛ МШ) има напишано дека: "Слободните институции на претставничката демократија речиси се неможни во земјите составени од различни националности. Меѓу народот без пријателски чувства, посебно ако тој зборува и чита различни јазици, не може да постои единствено јавно мис-лење, тоа пак е неопходно за функционирањето на претставничката влада".1
Во мултиетничките општества културата најчесто бара она што е историско, интересно, посакувано и убаво да се здружи со она што е вистина. За да се постигне тоа во различни средини биле применувани различни методи. Така на пример во САД и Германија постои таканаречен модел на културна асимилација. Со примената на овој метод културните различитости по одреден временски период речиси исчезнуваат. Оние кои по примената на ваквиот модел на асимилација сепак ги сочувале своите специфичности го прифаќаат моделот на инте-грација во културата на земјата во која дошле. Кога пак во одредена земја се создаваат "острови" на специфична култура, како облик на мул-тикултурно заедништво, со општествени и медиумски врски со својата матична држава, станува збор за модел на гетоизација.
Република Македонија е една од таквите држави која има мул-тиетничко општество и свои етнокултурни специфичности. Во Македонија етнокултурните различитости коегзистирале, се ускладу-вале, се преплетувале но и се спротиставувале и судирале, како за време на туѓи окупации, за време на социјализмот, така и во услови на демократија. Друѓите држави на Балканот при изградбата на своите нации ги користеле сите можни начини за елиминирање на етничките разлики, односно наследена мултиетничност на своите простори. Применувале геноцид, протерување, асимилација. Македонија за разлика од нив создала специфичен модел на интеркултурната комуникација: интеграција без асимилација. Резултат на тој модел е фактот што и денес во Македонија (според пописот од 1994 год.) постојат припадници на 26 национални и етнички малцинства, со свои етно-културни специ-фичности.
Би требало да се знае дека, како и другите облици на интерак-ција, интеркултурната комуникација содржи спротиставени процеси: процес на пресретнување/поврзување и процес на судир/раздвојување на две култури. Интеркултурната комуникација како процес на раздвоју-вање на две култури е последица на судир/конфликт на различни култури - со различна историска и културна традиција, различен степен на развој, различни религии, обичаи, политички убедувања, различни јазици и писма, различни национални идентитети, интереси, потреби и различен систем на вредности. Во услови на демократија преку политичките пар-тии (кои се претежно формирани врз етничка основа во овие општества), сето тоа се пренесува и во јавната сфера, односно политиката.
Со политичката мобилизација на етнокултурната различност настанува инструментализирање на етничките, верските припадности на луѓето. Тоа резултира со етноцентризам/трибализам, лингвоцентризам, конфесиоцентризам и други облици на исклучивост и насилство. Во такви ситуации луѓето се изложени на афективно-нагонски реакции, дискрими-нација, потценување и непријателство кое најчесто ескалира и од физички напади најчесто завршува во етнички конфликт.
По вака предизвиканите етнички конфликти и војни најсложени и најтешки бариери за повторно воспоставување на некакво интеркул-турното комуницирање се предрасудите. Предрасудите тогаш се јавуваат на две нивоа: лаичко и теоретско.
Лаичкиот, или таканаречениот здраворазумскиот извор на општествените предрасуди, претставува ограничениот начин на живот; ограниченото искуство на поединците и етничките групи и ограничената и индивидуална и општествена психологија (митологија и идеологија) како неиздиференцирани облици на општествена свест. Основни карак-теристики на лаичкото мислење се:
некритичност,
оптовареност со предрасуди,
претерана емоционалност,
искуствена ограниченост на поединците и групите,
теоретска неупатеност.
За лаичкото/здраворазумско формирање на предрасудите пре-судно дејствуваат забавниот печат, телевизијата и воопшто сите медиуми на масовно комуницирање. Науката и теоретско-критичните содржини тука немаат речиси никакво влијание.
На теоретско ниво предрасудите се јавуваат, пред се, поради раз-ликите меѓу тоа што е напишано во документите (како што е и Рамковниот договор) и тоа што се случува во реалноста. Производ на хиперидеологизација и хиперполитизација се: нови предрасуди, софизми, лаги, шпекулации, манипулации, инструментализација, митологизација, вулгаризација, некритичност, нетолерантност, дискриминација, омраза.
Токму поради предрасудите, во мултиетничките општества честопати отсуствува пристојното спогодување меѓу политичките елити. Ситуацијата се усложнува затоа што токму од таквото спогодување зав-иси дали ќе функционира демократија или ќе избие граѓанска војна; дали ќе постои желба да се живее заедно или ќе се покорат сите на власта на некој автократ. Демократијата во такви општества е можна доколку политичките лидери настојуваат да донесуваат одлуки што водат кон поврзување, а не кон судири. Основа за таков стремеж, кон умереност и соработка, е и постоењето на претходна традиција во усогласување на елитите. Доколку политичките елити имат желба да постигнат такво нешто, најчесто ги користат медиумите да посредуваат при пренесување-то на содржини кои имаат за цел да се постигне одредено усогласување и спогодување. Доколку политичките елити немат искрена желба за тоа, најчеста појава станува интеркултуралната исклучивост. Што доаѓа потоа можевме да видиме во Босна и во Косово, а еве сега и кај нас во Македонија.
За да се дојде до конструктивна, и пред се хумана, интеркултур-ална комуникација во мултиетничките општества, нужно мора да постои и да се почитува одреден универзален аксиолошко-етички минимум. Тој минимум содржи:
Комуницирање без насилство,
почитување на способностите на луѓето,
почитување на човековите права од сите субјекти на
интеркултуралната комуникација,
почитување на животот на секој поединец и на секоја
етнокултурна група.
Вообичаено е во мултиетничките општества најголемите проб-леми за негувањето на дијалогот да постојат внатре во самите етнички групи. Затоа политичарите во таквите општества треба да се надарени со смисла на водење на внатрешната политика со инструменти и методи на
надворешната политика. Едноставно тие треба да се повеќе дипломати отколку прагматични политичари. Треба да знаат да преговараат и да се договараат; да се спогодуваат и заемно да се почитуваат; да попуштаат но и да затегаат кога треба; да се усогласуваат, а не да се надгласуваат: да прифаќаат компромиси. Во таквите општества демократијата не е про-цедурална туку е супстанционална: таа пред се зависи од луѓето што се вклучени во неа, а не од процедурите (иако тие се нужни, но не до тој сте-пен како во етнички хомогените општества). Кога земјата е многу мала, како што е случајот со Македонија, состојбите уште повеќе се усложнуваат затоа што и изборот на надарени политичари ("дипломати") е сосем мал. Таквиот вид демократија бара исклучително способно и мудро раководство, кое мала земја многу ретко може да го има. Тоа може да се надомести доколку постои силен поттик за одржување на вна-трешна солидарност. Услов за такво нешто понекогаш е чуството на ран-ливост и несигурност. Соочени со надворешни закани политичките лид-ери ќе најдат начин да се обединат и ќе прифатат заемна соработка. Заканите однадвор делуваат обединувачки кај раскараните елити един-ствено доколку сите политички актери таквата закана ја сметаат за заед-ничка опасност. За жал, во Македонија надворешната опасност, во овој случај од Косово, некои и не ја сметаат како закана, туку "спас".
Вообичаено е, при такви околности, субјектите на интеркултур-алното комуницирање појавите да ги вреднуваат исклучително само врз основа на вредносни, а не врз основа на фактички односно научни судови. Затоа најсуштествено е да немаат предрасуди оние чија обврска е да исправаат туѓи заблуди. Интеркултуралното комуницирање мора да е претпоставка за поврзување и здраво ривалство, а не за раздвојување или дистанцирање со патолошка исклучивост. Највисока вредност станува развојната интеракција и креативната соработка, а со тоа и афирми-рањето на човекот како највисока вредност и највреден фактор во заед-ницата. Да се цени секој според резултатите на својот труд и својот ум, а не според етничкиот идентитет.
При постоење на политичко пропагандно дејствување и поли-тичко-идеолошко дискредитирање станува неможна каква било интеркултурална комуникација. Медиумите во такви средини мора критички да дејствуваат и да ги осознаваат појавите на објективната реалност, за да можат целосно да ги надминат, или барем да ги неутрал-изираат предрасудите. Основни претпоставки при нивно евентуално посредување при решавањето на меѓуетнички конфликти, или заладени меѓуетнички односи претставуваат:
добро да се познава соодветната етнокултуралност, или
барем оние нејзини елементи што доведуваат до
конфликтност или недоверба,
флексибилност,
трпеливост,
сталоженост,
интеркултурално искуство,
високо ниво на мотивираност за надминувањето на
конфликтноста,
кооперативност,
Сепак ослободувањето од етничките, религиозните, политичките и други предрасуди претставува основна задача на научната, односно објективно-критичната мисла. Кај нас, пак, се случувало токму тие што треба да не ослободуваат од предрасудите да ни ги наметнуваат. Затоа со право се вели дека борбата за слободата на духот не е ништо друго освен борба за ослободување од предрасудите.


 

 


ДОСТА Е!