Граѓанската
иницијатива под мотрената
од страна на граѓанскоро движење Доста е. Целта на оваа иницијатива е да
отвори и спроведе процес на нов позитивен дијалог, чија основна цел не е
тековниот Рамковен договор, туку афирмација на вистинските човечки вредности
кои не познаваат и признаваат граници и договори.
Во
исто време преку оваа акција заедницата може целосно да се информира за
содржината на рамковниот договор.
Акцијата
Колку добра може да собере една рамка зависи од нас нема за цел да го прифати
или одбие Рамковниот договор, туку да иницира и покрене дијалози неопходни
за развојот на нашата заедница, за да не се случи повторно некој во име
на граѓанинот да креира и склучува било какви други договори.
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАМКОВНИОТ
ДОГОВОР Рамковниот договор има за цел:
Сочувување на демократијата во Република Македонија .
Поблиски и поинтегрирани односи со Евро-атлантската
заедница.
Промовирање на мирниот и хармоничен развој на
граѓанското општество.
Почитување на етничкиот идентитет и интересите на сите
македонски граѓани.
Основните принципи на овој договор се;
Отфрлувањето на насилството како средство за
остварување политички цели.
Неповредливост на суверинитетот, територијалниот
интегритет и унитарниот карактер на Република
Македонија.
Сочувување на мултиетничноста на македонското
општество и нејзиното одразување во јавниот живот.
Уставот перманентно да ги исполнува потребите на сите
граѓани во согласност со највисоките меѓународни
стандарди.
Поттикнување на демократска партиципација на граѓаните
преку развој на локалната самоуправа, при што ќе се
унапредува и почитува идентитетот на заедниците.
Рамковниот договор предвидува:
Прекинување на непријателствата.
Развој на децентрализираната власт.
Почитување на принципот на недискриминација и правична
застапеност.
Обезбедување посебни собраниски процедури.
Промени во образованието и употребата на јазиците.
Изразување на идентитетот.
Имилеменшацијаша на Рамковниош
доѓовор ќе се осшвари иреку:
Анекс А: Усвојување амандмани на Уставот на Република Македонија (менување
на Преамбулата и членовите:
7, 8, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 84, 86, 104, 109, 114, 115, 131)
Анекс Б: Измени во законодавството: Закон за локална самоуправа Закон за локално
самофинансирање Закон за општински граници
Закони кои се однесуваат на полицијата лоцирана во општините
Закон за државни службеници и јавна администрација Закон за изборни единици
Правила за Собранието (Деловник) Закони што се однесуваат на употребата на
јазиците Закон за Народен правобранител
Анекс Ц: Имплементација и мерки за градење доверба: Меѓународна поддршка.
Попис и избори
Враќање на бегалците, ревитализација и обнова Развој на децентрализирана власт
Недискриминација и правична застапеност Култура, образование и употреба на
јазиците