Граѓанската иницијатива под мотрената од страна на граѓанскоро движење Доста е. Целта на оваа иницијатива е да отвори и спроведе процес на нов позитивен дијалог, чија основна цел не е тековниот Рамковен договор, туку афирмација на вистинските човечки вредности кои не познаваат и признаваат граници и договори.
Во исто време преку оваа акција заедницата може целосно да се информира за содржината на рамковниот договор.
Акцијата Колку добра може да собере една рамка зависи од нас нема за цел да го прифати или одбие Рамковниот договор, туку да иницира и покрене дијалози неопходни за развојот на нашата заедница, за да не се случи повторно некој во име на граѓанинот да креира и склучува било какви други договори.

. плакати и флаери

. реакции / мислења

 

внесете ја вашата e-mail адреса за тековно да ги добивате сите информации за граѓанската иницијатива ДОСТА Е






Веројашно веќе го ирочишавше шексшош на Рамковниош догов-ор. Некои од вас се веќе разочарани, некои гневни, некои навредени, некои се... без коментар. Оние што се сметаат за компетенти, за прашања што се содржани во овој документ, веројатно имаат многу забелешки, и тоа аргументирани. Ги увидоа пропустите, противречностите, опас-ностите...
Но сепак, покрај се, во едно сме сигурно согласни: ова е документ на компромис. Компромисот, како начин да се дојде до одредено решение, многу не е на цена на нашиве простори. Тука со векови постоеле само победи и порази, победници и губитници.
Сега, доколку нависшина сме решени да ја сочуваме државата -Република Македонија, ќе мораме да се навикнуваме да прифаќаме и ваков вид на носење правила за заеднички живот. Во спротивно, не ни гине војна, претполитичка состојба, во која ќе се убиваме меѓу себе до целос-но истребување.
Не сме, ниту сакаме да бидеме, нечии апологети. Навистина ни е доста од се. Од неспособни, корумпирани, неодговорни... политичари; Од лаги, лицемерие, злоба, себичност, грабливост, завист; Од војна, хаос, бесперспективност. Од ... многу, многу нешта на овој проживеан живот во "слобода и демократија".
Затоа, во овој документ гледаме зрак на надеж, светло во тунелот. Сакаме да веруваме дека тоа не е зрак на метеор, ниту пак светло на воз во тунел. Имаме некое чувство дека ќе биде добро. Да, ќе биде добро, но единствено доколку по сето тоа што досега ни се случи, и се уште ни се случува, сфатиме дека мораме да комуницираме, да ини-цираме, да соработуваме, особено со соседите. Да сфатиме дека мудрите, а не силните, се борат за своите државни и национални интереси, а пому-дрите пак ги бранат и ги уредуваат своите држави така што обезбеду-ваат и самопочитување и почитување на другите. Да се надеваме дека по овој документ нешто такво ќе се случи и кај нас во Македонија.
Без некои поголеми претензии да го откриваме сето тоа што претходеше на Рамковниот договор од 13.08. 2001 година, претставуваме едно наше видување за некои од прашањата содржани во овој документ. Наведеново би претставувало еден вид платформа за дејствување и ори-ентација на невладиниот сектор при спроведувањето на споменатиот договор.

 

 


ДОСТА Е!