внесете ја вашата e-mail адреса за тековно да ги добивате сите информации за граѓанската иницијатива ДОСТА Е






Граганската акција "Доста е", организирана од стотина невладини организации и финансиски поддржани од Фондацијата Институт отворено општество Македонија со вчерашната прес-конференција во Капан ан го почна карванот кој ќе помине во 17 градови во земјава.

Во карванот ќе се промовира спотот и ќе се дели промотивен материјал. Изработени се флаери и постери на шест јазици. Кампањата нема национален ниту политички карактер, туку го застапува граѓанскиот концепт на живеење. Појдовна идеја за организирање на граѓанската акција е желбата да се слушне гласот на народот и да се нагласи основната порака дека на луѓето им е доста. Поради тоа како симбол е избран интерпукцискиот знак точка, кој се употребува на сите јазици и го има истото значење. Точката значи крај, но наедно и нов почеток. Сите кои сакаат да се приклучат и да го кажат своето мислење можат да ја посетат веб-страницата њњњ.достае.нет.мк.
Акцијата "Доста е" е продолжение на кампањата "Гласот на граѓаните", која се спроведе во април и во мај, во која граѓаните одговараа на прашањето "што ве плаши најмногу?"
(С.Кц)

УТРИНСКИ ВЕСНИК 26.07.2001
ИНИЦИЈАТИВИ:
Од вчера во 17 градови во земјава
Почна карванот на кампањата "Доста е"

 

 

ДОСТА Е!