внесете ја вашата e-mail адреса за тековно да ги добивате сите информации за граѓанската иницијатива ДОСТА Е






На 25 јули во "Капан ан" се одржа прес конференција по повод граѓанската акција "Доста е". "Доста е" граѓанска иницијатива на стотина здруженија на граѓани што работат во Македонија. Таа нема национален карактер и зад неа не стои ниту една политичка партија. Нивната стратегија е социјално - економски напредок без учество во власта. Граѓаните ги плаши не само безбедносната состојба, туки и економската, политичката, социјалната и загрозената човекова состојба.
Иницијативата за оваа акција датира уште од март, а потекнува од Фондацијата Институт отворено општество Македонија и од неколку невладини организации. Кампањата беше отворена со детската песна на "Мал конзул" од Битола. Ова песна е заштитен знак на кампањата и го симболизира гласот на децата кои се обраќаат до возрасните. Кампањата е замислена во вид на караван кој ќе помине низ околу 20-тина града во Р.Македонија:Велес, Кавадарци, Охрид, Струга, Дебар, Гостивар и др. На прес конференцијата збор зедоа претставници од повеќе невладини организации. Небојша Вилиќ, претставник на "Здружението на граѓани 359" мрежа на локални и субалтерни херменевтики - Скопје, потенцираше дека оваа кампања има за цел да покаже колку граѓанинот е уплашен, но и подготвен да ја надмине ситуацијата, а заклучокот потекнува од кампањата Отворен телефон. Тој истакна "Доста е", не како здружение, туку како индивидуи, општеството треба да почне да функционира поинаку".
Гоце Тодоровски, претставник од Центарот за граѓанска иницијатива - Прилеп констатираше дека сега се нарушени сите демократски права и начела, но дека пасивниот однос е полош од се, тој е најголем грев, затоа треба акција, па и ако при тоа се згреши но сигурни сме дека ова е вистински чекор, бидејќи владее национализам меѓу сите граѓани без разлика на етничка припадност, а треба да се гордееме на разликите кои ги имаме како етнички одбележја. Храбар е оној кој се плаши..."
Активно во оваа граѓанска акција е вклучена НВО "ДРОМ" од Куманово, како претставник на ромското малцинство. Преземањето една ваква иницијатива за нив не е ништо ново, тие претходно, во април, ја имаа организирано акцијата "Сите различни, сите еднакви", по својот карактер многу блиска до оваа акција. Ашмет Елезовски, претставник на НВО "ДРОМ" апелираше до медиумите да се влучат активно во акцијата. Тој од Куманово донесе еден извештај "Доста е" - израз на револт кај граѓаните на Куманово. "Треба да смениме нешто не само како невладин сектор, туку и како граѓани. Очекуваме помош од Европа, но на прв план е дијалогот меѓу нас.."
Владимир Милчин, птретставник на Фондацијата Институт отворено општество Македонија се осврна на петицијата до медиумите која група граѓани на 24 јули ја пишувале пред Собранието, апелирајќи новинарите да бидат најпрво Македонци, па новинари. Тој истакна граѓаните мора да бидат одговорни пред фактите, без разлика дали се Македонци, Албанци, Власи, Срби. Милчин се осврна и на изјавите на професорот Косодовски во медиумите, каде што тој влегува во птотивречности мешајќи еден граѓански сецтор со политика, т.е. ги обвинува СОРОС и Вашингтон како подржувачи на идејата на тероризмот. До граѓаните Милчин апелираше "Граѓанинот има обврска да се соочи со стравот, а тоа ќе го направи преку правото на глас..."
Основната цел на оваа акција е да се креираат инструменти преку кои ќе се чуе гласот на граѓанинот, а без учество на граѓанинот во оваа акција таа нема да има никаков ефект.

В.Т.

romani

ROMA TIMES 30/31.07.2001

ДОСТА Е - основна порака на луѓето на кои им е доста

 

 

ДОСТА Е!