По иницијативата на Институтот
Отворено општество Македонија, повеќе невладини организации од Македонија ја
спроведуваат кампањата "Доста е".
Во кампањата, чија цел е да се слушне граѓанското мислење во врска со ситуацијата
во која се наоѓа нашата држава, треба да се одговори на прашањето "што
ве плаши најмногу?". Одговорите се објавуваат преку огласи, лифлети и постери
на шест јазици кои се говорат во Македонија.
Граѓаните во оваа кампања со своите одговори можат да се вклучат преку веб-страницата
њњњ.достае.нет.мк на која можат и да ги искажат своите мислења и да предложат
нова тема за дискусија.
Целта на оваа кампања е граѓанскиот глас и стравувањата и стремежите на граѓаните
на Македонија да допрат до ушите на оние кои управуваат во нивно име. На крајот
од кампањата се планира изведување на караван, што ќе минува низ повеќе македонски
градови и ќе дели пропагандни материјали со одговорите на оваа кампања.
М.И.
ГРАЃАНСКИ
СВЕТ30/31.07.2001
Граѓанска акција
ДОСТА Е