внесете ја вашата e-mail адреса за тековно да ги добивате сите информации за граѓанската иницијатива ДОСТА Е






СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА 3

Платформата за граѓанска акција ДОСТА Е се придружува кон осудите на министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски за неговото крајно неодговорно однесување за време на тактичката воена вежба во националниот парк Маврово, село Леуново.

ДОСТА Е ги осудува:

Министерот кој и покрај симулираната загриженост и ветувањето дека ќе прифати евентуалната лична одговорност, очигледно нема намера да се држи до ветувањата.

Неговиот ментор, премиерот Георгиевски кој го заштитува ваквото егзибиционистичко, митоманско и автократско однесување.

Владата како и сите други институции кои молчат за овој и на него слични инциденти.

ДОСТА Е предупредува:

Психотична пасија кон оружје и скоро детската неодговорност и несериозност која ја покажа министерот Бошковски НЕ СМЕАТ да бидат “доблести” на еден министер.

Ова е уште еден во низата примери за неодговорното и арогантно однесување на власта како и за алармантно високиот степен на МИЛИТАРИЗИРАНОСТ во сите сегменти на општеството.

Со игнорирачки однос кон овој инцидент власта грубо ги крши сите основни принципи на демократијата и човекови права.

Нерасветлувањето на овој случај ќе биде уште едно газење на правните норми и непримена на законот кој е УНИВЕРЗАЛЕН за СИТЕ.

Ако се продолжи вака, Македонија ќе се претвори во тоталитарно општество со искомплексирана елитистичка власт.

ДОСТА Е бара:

Председателот, Владата и Собранието да инсистираат на правична и комплетна истрага за расветлување на овој случај, а Министерот Бошковски да ја согледа својата одговорност и да поднесе неотповиклива оставка како морален чин.

Граѓаните на Македонија, невладините организации и медиумите да продолжат со притисокот врз власта за демократизација на општесвото.


Доставено до сите медиуми, дипломатски представништва и меѓународни мисии, политички партии, пратеници во Собранието на Македонија, синдикати и градоначалници. Преведено на сите јазици кои се зборуваат во Република Македонија.

Скопје, 09.04.2002



СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА бр.2

Платформата за граѓанска акција ДОСТА Е најостро протестира против намерата на г-дин Стојан Андов и неговите истомисленици да ја доведат во прашање регуларноста на парламентарните избори, играјќи си со датумот на нивното одржување.

Партиите постигнаа консензус парламентарните избори да се одржат на 15 септември, а г-дин Андов го злоупотребува своето право обидувајки се да го наметне 22 септември како опција.

Размислете дали е добро поклопување на парламентарните избори во Република Македонија со локалните избори на Косово. Размислте дали ни е во прилог осипувањето на бројот на меѓународни набљудувачи, оти немаме што да криеме, нели.

Нашите претпоставки со настаните од студентските избори се потврдија. Предупредивме претходно, и повторно предупредуваме дека тие се лош предзнак за тоа што може да се случува на парламентарните избори.

ДОСТА Е ПРАШУВА: Дали ќе се повторат трагичните инциденти од Изборите 2000? Тогаш имаше мртви и ранети.

ДОСТА Е ОДБИВА да биде нем набљудувач на настани кои гарантираат НЕфер, НЕдемократски и крајно опасни избори.

ДОСТА Е ПОТЕНЦИРА: обезбедувањето фер и демократски избори се приоритет на граѓанската акција.

ДОСТА Е ПРЕДУПРЕДУВА: Насилството, политизацијата и партизацијата на општеството продолжува. Власта се однесува несериозно и грубо ги крши сите правила на демократско однесување.

ДОСТА Е СЕ БОРИ за рехабилитација и зачувување на базичните вредности на граѓанското општество : ДЕМОКРАТИЈА, СЛОБОДА, ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО, АКЦИЈА!


Доставено до сите медиуми, дипломатски представништва и меѓународни мисии, политички партии, пратеници во Собранието на Македонија, синдикати и градоначалници. Преведено на сите јазици кои се зборуваат во Република Македонија.

е-маил: mkost@soros.org.mk

Веб: www.dostae.net.mk, www.mango.org.mk




СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА бр.1

Невладините организации од Платформата за граѓанска акција „ДОСТА Е”, од 29 до 31 март во Охрид ја одржаа својата трета работна средба, на тема „2002 - децентрализација и парламентарни избори во Македонија: одговорности, предизвици и можности за граѓанска акција”. На средбата учество земаа 117 невладини организации и гости од земјата и странство. Целта на средбата беше да се дефинираат приоритетите за дејствување на платформата.

Во следниот период невладините организации ќе преземаат активности за обезбедување фер и демократски избори, борба против корупцијата, децентрализација на власта, намалување на одливот на умовите и демилитаризација на општеството.

За брзо и ефикасно делување формирано е координативно тело, кое ќе иницира активности, истите ќе ги координира и ќе комуницира со јавноста.

Невладините организации потенцираат: граѓаните на Република Македонија, сeуште се исплашени и загрижени за тоа што се случува во земјата.

Невладините организации предупредуваат: изборите за претседател на Сојузот на студенти при Универзитетот Св. Кирил и Методиј се лош предзнак на тоа што може да се случува на парламентарните избори.

Насилството, политизацијата и партизацијата на општеството продолжува. Демократијата во Република Македонија секојдневно се загрозува со несмален интензитет. ДОСТА Е.

Доставено до сите медиуми, дипломатски представништва, мисии и политички партии во Република Македонија.
Преведено на сите јазици кои се зборуваат во Република Македонија.

е-mail: mkost@soros.org.mk
Web: http://www.dostae.net.mk, http://www.mango.org.mk


Соопштение за јавноста бр. 1, 2 и 3

 

 

ДОСТА Е!