МИР,
СТАБИЛНОСТ И ИЗБОРИ
За
анкетата
Овој проект беше нарачан, независно, од Центарот за
демократија и помирување во Југоисточна Европа (CDRSEE, Солун,
Грција), кофинансиран од CDSEE,
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (FOSIM)
и грчкото Министерство за Македонија и Тракија.
Истражувањето го направи Др. Колин Ирвин од Универзитетот на кралицата од
Белфаст, а сондажата на јавното мислење го направи Центарот за етнички односи
од Скопје, Македонија, во периодот меѓу 14-25 март. Беа направени 1600
интервјуа, “лице в лице”, на примерок што ја претставува возрасната популација
на Македонија, во смисла на возраст, пол, социјална класа, политичка и етничка припадност и географска област.
Колин Ирвин известува за наодите од истражувањето.
Во
потрага по мислењето на луѓето за решавањето на судирот
Мирот и мировните процеси не се лесни. Македонија
успеа да остане надвор од најлошото во Балканските војни, а Северна Ирска
минува низ добра година по една цела генерација на “неволји”. На Израел и на
Палестина не им оди баш најдобро. Таму, тенкови, Ф16-ки и хеликоптерски оган се борат против самоубиствени бомбаши со многу
трагични последици. Изборот на претставник од тврдото крило, Шарон, за лидер на
израелската држава можеби помогна повторно да се распламти судирот на Блискиот
Исток. Во Северна Ирска ќе има избори следната години и тие може да донесат на
власт нови политичари коишто би можеле да ја промената среќата таму. А овде, во
Македонија, претстојните избори може да ја одредат судбината на мировниот
процес во овој дел на Балканот.
Кои се критичните проблеми со коишто идната
македонска влада ќе мора да се справува? Кои политики најдобро можат да се
носат со овие предизвици? Што би се случило ако не се решаваат овие проблеми и
дали народот во Македонија ќе се убеди да излезе на гласање за политичарите за
коишто народот смета дека можат да донесат долгорочен мир и стабилност?
Беа спроведени осум сондажи на јавното мислење во
Северна Ирска во поддршка на мировниот процес. Тоа беше можност народот од Северна
Ирска да им каже на своите политичари што тој мисли дека треба да биде
направено. Оваа анкета за испитување на јавното мислење ги користи истите
методи што се користеа таму, за да му даде можност на народот на Македонија да
ги изрази своите ставови за тоа што треба да се направи во иднина. Резултатите
се изнесени подолу, а сеопфатни извештаи ќе бидат испратени до сите партии што
се избрани во Парламентот на Македонија, како и до ЕУ, ОБСЕ и до другите
заинтересирани домашни и меѓународни организации.
Зошто
нема доволно мир и стабилност во Македонија
Луѓето од различни заедници честопати имаат и
различни ставови за тоа зошто се случуваат судирите, а во овој случај, зошто
нема доволно мир и стабилност во Македонија. Првото прашање во анкетата ги
разгледува токму тие причини и од луѓето бара да укажат на тоа кои проблеми ги
сметаат за “многу важни”, “важни”, “од одредена важност”, “малку важни” или
“воопшто неважни”. Табелата 1 ги дава резултатите од двете главни заедници,
според приоритетите, од еден до дваесет и четири (проценти “многу важни”).
Некои од грижите се исти и за Македонците и за Албанците, но некои не се.
Табела
1. Причини за судир според приоритетите, гледани од македонска и од албанска
страна.
|
Процент “многу важно” |
Македонци |
|
Албанци |
|
|
1. |
Активности на албански паравоени групи се уште
дејствуваат во Македонија (АНА) |
85 |
Дискриминација на малцински етнички групи при
вработување, образование и јазични права |
80 |
|
2. |
Нецелосно разоружување на ОНА од страна на НАТО |
78 |
Активности на македонската партиска полиција и
паравоените групи во Македонија (Лавови, Поскоци) |
67 |
|
3. |
Многу незаконско оружје што се чува во регионот |
74 |
Мито и корупција на политички партии што ги
поткопуваат темелите на демократијата на државата |
66 |
|
4. |
Сериозен организиран криминал вклучувајќи
бизнисмени, паравојска и политичари |
70 |
Мали економски можности во сите сектори на
општеството |
61 |
|
5. |
Мито и корупција на политички партии што ги
поткопуваат темелите на демократијата на државата |
65 |
Неуспех на македонското стопанство |
58 |
|
6. |
Амнестија што ги вклучува СИТЕ тешки кривични
дела против човештвото |
62 |
Сериозен организиран криминал вклучувајќи
бизнисмени, паравојска и политичари |
56 |
|
7. |
Неуспех на македонското стопанство |
53 |
Пристрасни медиуми и злоупотреба на информации
поради големото политичко мешање |
55 |
|
8. |
Мали економски можности во сите сектори на
општеството |
52 |
Лоши интеретнички односи меѓу луѓето во
Македонија |
53 |
|
9. |
Лоши интеретнички односи меѓу луѓето во
Македонија |
48 |
Недоволно разбирање на демократијата од страна
на политичарите избрани од народот |
46 |
|
10. |
Недоволна активност на меѓународната заедница во
создавање мир и стабилност во Македонија |
46 |
Лоши интеретнички односи меѓу политичарите во
Македонија |
40 |
|
11. |
РД претерува во однос на барањата за реформи |
43 |
Недостиг на транспарентност на сите нивоа на
власта |
36 |
|
12. |
Раселенени лица во Македонија |
42 |
Многу незаконско оружје што се чува во регионот |
27 |
|
13. |
Спорот за границата со Косово |
42 |
Спорот за границата со Косово |
27 |
|
14. |
Недостиг на транспарентност на сите нивоа на
власта |
38 |
Мешање на религиозните заедници во политиката |
25 |
|
15. |
Лоши интеретнички односи меѓу политичарите во
Македонија |
36 |
РД незадоволително ги решава барањата за реформи |
25 |
|
16. |
Недоволно разбирање на демократијата од страна
на политичарите избрани од народот |
35 |
Нееднаков третман на различните етнички групи од
страна на меѓународните институции и НВО |
23 |
|
17. |
Нееднаков третман на различните етнички групи од
страна на меѓународните институции и НВО |
32 |
Раселенени лица во Македонија |
19 |
|
18. |
РД незадоволително ги решава барањата за реформи |
32 |
Недоволно разбирање на демократијата од страна
на луѓето во Македонија |
17 |
|
19. |
Македонија се уште го нема решено спорот со
името |
30 |
Амнестија што ги вклучува СИТЕ тешки кривични
дела против човештвото |
15 |
|
20. |
Пристрасни медиуми и злоупотреба на информации
поради големото политичко мешање |
26 |
Македонија се уште го нема решено спорот со
името |
15 |
|
21. |
Мешање на религиозните заедници во политиката |
22 |
Недоволна активност на меѓународната заедница во
создавање мир и стабилност во Македонија |
12 |
|
22. |
Недоволно разбирање на демократијата од страна
на луѓето во Македонија |
16 |
Активности на албански паравоени групи се уште
дејствуваат во Македонија (АНА) |
10 |
|
23. |
Дискриминација на малцински етнички групи при
вработување, образование и јазични права |
13 |
Нецелосно разоружување на ОНА од страна на НАТО |
9 |
|
24. |
Активности на македонската партиска полиција и
паравоените групи во Македонија (Лавови, Поскоци) |
13 |
РД претерува во однос на барањата за реформи |
6 |
Безбедносните проблеми избиваат на површината на листата
кај Макеонците, при што “активностите на албанските паравоени групи” се
појавуваат како најголема грижа (85 проценти “многу важно”), а потоа следуваат
“нецелосното разоружување на ОНА од страна на НАТО” на второ место (78
проценти) и “многу незаконско оружје во регионот” на трето место (74 проценти).
На четврто и петто место се проблемите што произлегуваат од сериозно
организираниот криминал и корупцијата.
Слично како и Македонците, Албанците страхуваат од
корупцијата и од организираниот криминал кои се на високо место на нивната
листа на причини, односно на трето и шесто место (67 проценти и 56 проценти
“многу важно”). Проблемот на безбедноста е на второ место на нивната листа, но
за нив проблемите доаѓаат од “Активностите на македонската партиска полиција и
паравоени групи” што продолжуваат да ги загрижуваат (67 проценти). Меѓутоа, за
Албанците проблемот број еден не е безбедноста, туку “Дискриминацијата против
малцинските етнички групи при вработувањето, во образованието и јазичните
права” (80 проценти “Многу важно”).
Во основа, главната грижа на “другите” етнички
групи во Македонија (главно на Турците, Ромите, Србите и на Власите) е истата
што и на Македонците, при што активностите на албанските паравоени групи
избиваат на врвот на нивната листа исто така.
Јасно е дека различните проблеми околу безбедноста
на секоја од заедниците мора да се земе предвид ако се сака да се постигне
долгорочен мир и стабилност, а за Албанците и за некои “други” групи, прашањето
на дискриминацијата исто така треба да се разгледа. Надвор од сево ова, сите
луѓе од Македонија, независно од нивната етничка припадност, ги сметаат
проблемите на корупцијата во владата и слабата економија на државата за
најголема закана за конечниот успех на мировниот процес.
Интересно е тоа што, во врска со мировниот процес,
идејата дека Рамковниот договор претерува со реформите се најде на 11-то место
на листата кај Македонците (43 проценти), додека мислењето дека Договорот
незадоволително ги решава барањата се појавува на 15-то место на листата кај
Албанците (25 проценти). Сосема е јасно дека Рамковниот договор, како таков, не
е проблем за ниту една од заедниците, иако неговиот целосен потенцијал не е
достигнат, во смисла на безбедноста, еднаквоста и владеењето на правото.
Приоритети
за траен мир и стабилност
За второто прашање, од луѓето се бараше да
разгледаат листа од дваесет и четири чекори кои би можеле да бидат преземени за
да се обезбеди траен мир и постојана стабилност во Македонија. За секој чекор,
или опција, требаше да се наведе дали истите се “суштински”, “пожелни”,
“прифатливи”, “толерантни” или “неприфатливи” како составен дел на еден успешен
мировен процес. Табела 2 укажува на резултатите од двете главни заедници,
според приоритети. И повторно, некои од приоритетите за мир и стабилност се
исти, но некои и се разликуваат.
Табела 2. Приоритетите за мир и стабилност гледани од македонска
и од албанска страна.
|
Процент “суштински” |
Македонци |
|
Албанци |
|
|
1. |
Ефективни мерки против паравојската и
организираниот криминал |
83 |
Државно финансиран универзитет на албански јазик |
85 |
|
2. |
Зајакнување на владеењето на правото |
75 |
Целосно спроведување на РД |
84 |
|
3. |
Вистински независно судство |
75 |
Силни мерки за спречување етничка дискриминација |
82 |
|
4. |
Слободни и фер избори |
72 |
Слободни и фер избори |
80 |
|
5. |
Градење на куќите на раселените лица и
гарантирање нивна безбедност |
72 |
Развој на локалната самоуправа |
78 |
|
6. |
Меѓународната заедница треба да вложи поголеми
напори и да го отстрани сето незаконско оружје од регионот |
69 |
Пропорционална застапеност на сите етнички групи
во јавната администрација, полицијата и армијата во Македонија |
78 |
|
7. |
Стратегиски план за елиминација на социјалниот
пад и сиромаштијата |
68 |
Зајакнување на владеењето на правото |
77 |
|
8. |
Државата да ја задржи контролата врз
стратегиските индустрии и ресурси |
58 |
Стратегиски план за елиминација на социјалниот
пад и сиромаштијата |
73 |
|
9. |
Решавање на прашањето на името на Македонија |
51 |
Градење на куќите на раселените лица и
гарантирање нивна безбедност |
67 |
|
10. |
Членство во ЕУ |
50 |
Вистински независно судство |
66 |
|
11. |
Силни мерки за спречување етничка дискриминација |
43 |
Стратегиски план за градење доверба меѓу
различните етнички групи |
66 |
|
12. |
Религиозните заедници не треба да се мешаат во
политиката |
40 |
Членство во ЕУ |
62 |
|
13. |
Развој на локалната самоуправа |
34 |
Интеграција на поранешната паравојска во
граѓанското општество |
59 |
|
14. |
Транспарентност во давањето грантови од страна
на меѓународните институции и НВО |
32 |
Државата да ја задржи контролата врз
стратегиските индустрии и ресурси |
54 |
|
15. |
Меѓународна помош во градењето нови и во
зајакнувањето на постоечките институции на власта |
27 |
Меѓународна помош во градењето нови и во
зајакнувањето на постоечките институции на власта |
49 |
|
16. |
Силни мерки за спречување полова дискриминација |
27 |
Ефективни мерки против паравојската и
организираниот криминал |
45 |
|
17. |
Стратегиски план за градење доверба меѓу
различните етнички групи |
26 |
Меѓународната заедница треба да вложи поголеми
напори и да го отстрани сето незаконско оружје од регионот |
40 |
|
18. |
Меѓународен мониторинг на активностите н а
клучните министерства |
23 |
Силни мерки за спречување полова дискриминација |
38 |
|
19. |
Целосно спроведување на РД |
13 |
Религиозните заедници не треба да се мешаат во
политиката |
38 |
|
20. |
Изградба на нови заедници за раселените народи
во Македонија |
10 |
Транспарентност во давањето грантови од страна
на меѓународните институции и НВО |
37 |
|
21. |
Пропорционална застапеност на сите етнички групи
во јавната администрација, полицијата и армијата во Македонија |
8 |
Меѓународен мониторинг на активностите н а
клучните министерства |
33 |
|
22. |
Интеграција на поранешната паравојска во
граѓанското општество |
6 |
Решавање на прашањето на името на Македонија |
25 |
|
23. |
Државно финансиран факултет за турски студии во
рамките на постоечки факултет |
1 |
Државно финансиран факултет за турски студии во
рамките на постоечки факултет |
14 |
|
24. |
Државно финансиран универзитет на албански јазик |
1 |
Изградба на нови заедници за раселените народи
во Македонија |
12 |
Првите три приоритети за Македонците се поврзани
со безбедноста и владеењето на правото. Нивниот прв приоритет е “ефикасни мерки
протов паравојската и организираниот криминал” (83 проценти “суштински”). Потоа
следува “Зајакнувањето на владеењето на правото”, па “Вистински независно
судство”, и двете опции со по 75 проценти. За Албанците, првите три приоритети
се предмет на еднаквост и социјална реформа. Нивниот прв приоритет е “Државно
финансиран универзитет на албански” (85 проценти “суштински”). Следуваат
“Целосно спроведување на Рамковниот договор”, со 84 проценти и “Силни мерки за
спречување етничка дискриминација”, со 82 проценти. И обете заедници ги имаат
“Слободните и фер избори” како четврт приоритет.
Со еден голем исклучок, се чини дека не треба да
има премногу отпор во заедницата за реализирањето на овие очигледно различни
листи на потреби. Албанците, исто така, го сакаат “Зајакнувањето на владеењето
на правото” (77 проценти “Суштински”) и “Вистински независно судство” (66
проценти “Суштински”). За Албанците, “Ефективните мерки против паравојската и
организираниот криминал” се наоѓаат на 16-то место на нивната листа со 45
проценти “Суштински”, 22 проценти “Пожелни”, 22 проценти “Прифатливи”, 10
проценти “Толерантни” и само 1 процент “Неприфатливи”. Слично на нив, 43
проценти од Македонците сметаат дека “Силните мерки за спречување етничка дискриминација”
се “Суштински”, а само 2 проценти ја сметаат оваа политика за “Неприфатлива”.
“Целосното спроведување на Рамковниот договор” не е лесно прашање за сите
Македонци, но повеќето сметаат дека е или “Суштинско”, со 13 проценти, или
“Пожелно”, со 20 проценти, или “Прифатливо”, со 22 проценти, или “Толерантно”,
со 19 проценти. Мал број, 26 проценти, ја сметаат оваа опција за
“Неприфатлива”, така што за нив, тоа е се уште проблем.
За жал, приоритет за којшто, се чини, има малку
или “воопшто нема” разбирање е желбата за “Државно финансиран универзитет на
албански јазик”. Оваа опција се наоѓа на дното на листата кај Македонците, со
78 проценти кои сметаат дека таквиот универзитет е “Неприфатлив”, додека 85
проценти од Албанците го сметаат за “Суштински”. Да се надеваме дека сега
Македонците ќе почнат да сфаќаат колку таквиот универзитет им е важен на
Албанците. Од друга страна, Албанците мора да се потрудат да сфатат зошто
Македонците се толку против таквата политика, и да се обидат да мируваат со тоа
прашање, зашто таа грижа можеби ќе треба да биде одложена. Јасно е дека овде е
потребна внимателна дипломатија/посредување.
Многу може да се каже за двете листи на
приоритети. Но, во поголемиот дел, се чини дека има повеќе согласност отколку
несогласност во врска со политиките и реформите коишто можат да се искористат
со силно и ефективно политичко водство. Сите сакаат Македонија да биде
демократска и економски успешна, и сите се подготвени да вложат напори да го
постигнат тоа.
Последиците
од неуспехот
Се разбира, сите се надеваат дека ќе биде
направено се што треба за да и се помогне на Македонија да биде успешна
демократија со растечко стопанство. Но, ако владата и меѓународната заедница не
ги преземат потребните чекори за да се обезбеди траен мир и постојана
стабилност, што ќе се случи тогаш? Од листа на четиринаесет различни можности,
испитаниците требаше да одредат кои од нив ги сметаат за “Многу веројатни”,
“Веројатни”, “Не сум сигурен за тоа”, “Малку веројатни” или “Многу
неверојатни”. Табела 3 ги наведува резултатите за сите во Македонија, и тоа за
македонската и албанската заедница посебно, а за “другите” малцинства заедно.
Табела
3. Што ќе се случи ако македонската влада и меѓународната заедница не реагираат
|
Процент “Многу веројатно” |
Сите |
Македонци |
Албанци |
Други |
|
Поголема сиромаштија |
77 |
78 |
74 |
74 |
|
Зголемено насилство |
62 |
68 |
43 |
62 |
|
Имиграција на младите |
61 |
64 |
50 |
64 |
|
Нема да има слободни и фер избори |
57 |
59 |
45 |
64 |
|
Малку луѓе ќе се мачат да гласаат на
претстојните избори |
49 |
50 |
39 |
59 |
|
Имиграција од Косово |
32 |
40 |
6 |
32 |
|
Новата македонска влада ќе биде слаба и
неефективна |
32 |
31 |
33 |
38 |
|
Создавање етнички чисти заедници |
30 |
35 |
14 |
34 |
|
Повторно почнување на кофликтот инициран од
Косово |
27 |
34 |
5 |
27 |
|
Вонредна состојба прогласена, а изборите
откажани |
21 |
23 |
18 |
13 |
|
Аспирации од соседните држави и распаѓање на
државата |
21 |
24 |
13 |
19 |
|
Граѓанска војна и наметнување меѓународен
протекторат |
16 |
19 |
9 |
11 |
|
Граѓанска војна што води кон регионална војна |
12 |
14 |
7 |
11 |
|
Размена на територии со соседните земји |
9 |
10 |
7 |
10 |
Скоро сите се согласуваат дека доколку владата и
меѓународната заедница не реагираат и, на адекватен начин, не ги решаваат
проблемите, ќе дојде до “Поголема сиромаштија” (77 проценти “Многу веројатно”),
до “Зголемено насилство” (62 проценти), “Имиграција на младите” (61 процент) и
дека “Нема да има слободни и фер избори” (57 проценти “Многу веројатно”).
Сепак, иако 40 проценти од Македонците веруваат
дека неспроведувањето на политиките за решавање на проблемите на нацијата ќе
предизвика “Имиграција од Косово”, само 6 проценти од Албанците го делат тоа
мислење. Слично на тоа е дека само 5 проценти од Албанците мислат дека
“Повторен конфликт инициран од Косово” е “Многу веројатен”. Осумнаесет проценти
од Албанците и 23 проценти од Македонците сметаат дека “Објавувањето вонредна
состојба и откажување на изборите” е “Многу веројатно”. Од друга страна, 24
проценти од Македонците и 13 проценти од Албанците сметаат дека распаѓањето на
земјата е “Многу веројатно”.
Некои посериозни шанси за граѓанска војна што ќе
доведе до меѓународен протекторат (16 проценти “Многу веројатно”), регионална
војна (12 проценти “Многу веројатно”) или размена на територија со соседните
земји (9 проценти “Многу веројатно”), се чини дека не се сериозни можности во
сегашно време. Јасно е дека луѓето од Македонија не се плашат од војна толку
многу колку што се плашат од распаѓањето на општеството што би довело до
огромна сиромаштија, насилство, имиграција и неуспех на демократските процеси.
Овие можности тие ги сметаат за вистинска реалност.
Фер и
слободни избори
Желбата за фер и слободни избори е една од врвните
приоритети за сите што живеат во Македонија, веднаш по безбедноста и, за некои,
по еднаквоста. Многумина сметаат дека слободните и фер избори се неразделен дел
од кој било план направен да донесе долгорочен мир. Водејќи сметка за тоа,
луѓето од Македонија ги прашавме за тоа кои чекори треба сега да се преземат за
да се обезбедат фер и слободни избори, односно од листа на дванаесет опции, кои
ги сметаат за “Суштински”, “Пожелни”, “Прифатливи”, “Толерантни” или
“Неприфатливи” како дел од успешниот мировен процес. Табела 4 укажува на
резултатите за сите во Македонија, односно за македонската и албанската
заедница посебно и за “другите” малцинства заедно.
Табела
4. Услови за фер и слободни избори
|
Процент “Суштински” или “Пожелни” |
Сите |
Македонци |
Албанци |
Други |
|
Партиите треба да прекинат со секакви насилства
и со застрашување во текот на изборите |
93 |
94 |
97 |
86 |
|
Политичарите треба да избегнуваат да користат
јазик и говор што иницира етничка омраза |
88 |
85 |
98 |
88 |
|
Сите политички партии треба да потпишат заклетка
за фер и слободни избори |
88 |
87 |
92 |
87 |
|
Меѓународните набљудувачи треба да бидат
проактивни во одржувањето на меѓународните стандарди за фер и слободни избори |
81 |
78 |
89 |
77 |
|
Медиумите треба да избегнуваат да емитуваат и
пишуваат за настани што иницира етничка омраза |
80 |
75 |
95 |
80 |
|
Полицијата, армијата и паравоените групи треба
да останат надвор од процесот на изборите |
79 |
77 |
87 |
77 |
|
Меѓународните мониторинг тимови треба да бидат
распоредени во Македонија што е можно поскоро |
76 |
74 |
88 |
71 |
|
Треба да има кампања што ќе ги едуцира и
поттикне граѓаните да гласаат |
76 |
78 |
73 |
70 |
|
Меѓународни набљудувачи треба да има на секое
избирачко место |
60 |
60 |
60 |
55 |
|
Меѓународни сили треба да се користат за следење
и затворање на границата за паравоени групи што имаат намера да ги нарушат
изборите |
58 |
69 |
21 |
67 |
|
Меѓународни сили треба да се користат за следење
на гласачкиот процес низ цела Македонија во текот на изборите |
50 |
51 |
51 |
46 |
|
Полицаец треба да биде присутен на секое
избирачко место |
42 |
51 |
13 |
49 |
И повторно, со неколку помали исклучоци, има доста
совпаѓање низ сите делови на македонското општество во однос на овие прашања.
Деведесет и три проценти веруваат дека “Суштинско” или “Пожелно” е “политичките
партии да прекинат со секакво насилство и со застрашување во текот на изборите”
и дека “треба да се избегнува јазик што иницира етничка омраза” (88 проценти),
дека “партиите треба да потпишат заклетва за фер и слободни избори” (81
процент), дека “медиумите не треба да иницираат етничка омраза” (80 проценти),
дека полицијата, армијата и паравојската треба да остане надвор од процесот на
изборите” (79 проценти), дека треба да бидат распоредени меѓународни тимови за
мониторинг (76 проценти), дека “треба да има кампања што ќе ги поттикнува
луѓето да гласаат” (76 проценти) и дека исто така “треба да има меѓународни
набљудувачи на секое избирачко место” (60 проценти). Нема значајно разидување
за која било од овие точки, па можеби сите тие би можеле да бидат вклучени во
некој вид заклетва за фер и слободни избори.
Меѓутоа, кога станува збор за меѓународни сили за
следење на изборите, само околу половината од населението, и околу половината
од сите Македонци го сметаат тоа за “Суштинско” или “Пожелно”, додека 13
проценти од Албанците сакаат полицаец да биде присутен на секое избирачко
место. Се чини дека она што најмногу го сакаат луѓето да го видат е одговорно
однесување од страна на политичките партии, политичарите и медиумите, засилено
со гаранцијата што може да ја донесат меѓународните мониторинг тимови. Силите,
и домашните и меѓународните, се чини дека не се толку добредојдени, можеби
поради тоа што тие не се сметаат за вистински дел од процесот на изборите во
едно слободно и демократско општество кон кое сите се стремат сега.
Но, дури и сево ова да може да биде направено,
дури и ако политичарите сега сакаат да ги решаваат овие прашања и политики
разгледани во оваа анкета, дури и ако тие навистина потпишат и се придржуваат
до некаква заклетва за фер и слободни избори, дали тогаш луѓето од Македонија
ќе излезат да гласаат? Последните избори сугерираат дека тие нема да се
потрудат да гласаат. Но, можеби работите сега би можеле да се сменат. Можеби
луѓето сега би гласале доколку веруваат дека нивниот глас ќе значи нешто. За
ова, последното критично прашање, луѓето ги прашавме “Ако овие услови за фер и
слободни избори се создадат, сметате ли дека луѓето треба да гласаат?”
Осумдесет и седум проценти рекоа “Да” (Табела 5). А кога беа прашани дали тие
лично би гласале, 80 проценти одговорија дека би гласале (Табела 6). Да се
надеваме дека политичарите и луѓето сега ќе можат да се соочат со овој
предизвик.
Табела
5. Ако овие услови за фер и слободни избори се создадат, сметате ли дека луѓето
треба да гласаат?
|
Процент |
Сите |
Македонци |
Албанци |
Други |
|
Да |
87 |
88 |
83 |
89 |
|
Не |
4 |
4 |
3 |
5 |
|
Не знам |
9 |
8 |
15 |
6 |
Табела
6. Дали вие би гласале под вакви околности?
|
Процент |
Сите |
Македонци |
Албанци |
Други |
|
Да |
80 |
81 |
79 |
78 |
|
Не |
10 |
10 |
7 |
12 |
|
Не знам |
10 |
9 |
14 |
10 |